-->
-->
Роналдо се врати во Манчестер!
-->
Во неверојатен пресврт од 24 часа, Манчестер јунајтед го потврди спектакуларното враќање на Кристијано Роналдо на „Олд Трафорд“, откако Јувентус ја прифатил понудата од 28 милиони евра, а на Португалецот му подготви двегодишен договор.
Иако вчера беше сигурно дека Роналдо ќе заврши во лутите градски ривали Манчестер сити, по разговорот на Роналдо со својот стар тренер и „втор татко“, Сер Алекс Фергусон, бил убеден да не направи „предавство“.
Според Џанлука ди Марцио од „Скај спорт Италија“, понудата од 28 милиони евра ги исполнува барањата на Јувентус, а Роналдо ќе добива 25 милиони фунти годишно на „Олд Трафорд“ во следните две сезони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава