Кристијано Роналдо во големото интервју на Пирс Морган се присети на татко си кој починал од последиците на конзумирање алкохол.

Починал поради болест на црниот дроб и го пропушти вивнувањето на синот до ѕвезда, како и раѓањето на внуците, а очигледно тоа беше многу болна тема за ѕвездата на Јувентус.

Роналдо липајќи низ солзи едвај изусти: Од каде ви е ова?


