-->
-->
Роналдо не враќа 15 милиони во касата на Шпанија?!
-->

Иако шпанските весници пишуваа дека Кристијано Роналдо на Шпанија ќе и врати 15 милиони евра долг за данок сепак од таборот Португалецот демантираат дека тоа ќе се случи во блиско време.
Роналдо е обвинет дека затаил пари заработени од правата на ликот во 2011-14 година и ќе се појави пред шпанскиот суд на 31. јули. Адвокатите на Кристијано наведуваат дека нема шанси да се платат 14.7 милиони евра на шпанската даночна служба додека не заврши судскиот процес. На Португалецот му следи казна од 21 месец затвор и доколку биде осуден нема да ја отслужи бидејќи му е прв случај. Поради затајување на данок во Шпанија се процесуирани неколку фудбалски ѕвезди меѓу кои и Меси и Анхел ди Марија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Измамена 76-годишна жена од Битола за 7 000 евра
-

Ѓорѓиевски: Скопје добива нов лик, интензивно се работи на клучката кај „Момин Поток“ и на „Љубљанска“
-

Арагчи: Иран би можел да нападне американски бази како одговор на потенцијален напад
-

Саудиската лига губи милијарди по заминувањето на Фокс спортс поради контроверзноста околу Роналдо
-

Приведен скопјанец, од фирмата каде е вработен одзел близу три милиони денари
-

Истражна постапка против три лица за „злосторничко здружување“, определен притвор
-

Меси прогласен за играч на годината во МЛС во изборот на „Гол“
-

УХМР најавува пообилни локални врнежи и снег на повисоките места и планините
