Фудбал
29. March 2022 - 11:12

Роналдо: Мечот против Македонија е на „живот и смрт“

Кристијано Роналдо пред бараж мечот со Македонија изјави  дека финалето  вечерва во Порто е „прашање на живот и смрт“.
 
Македонија, рангирана на 67. место во светот, дојде во Порто барајќи да се квалификува за Светско првенство за прв пат, откако ја изненади Италија со 1-0 во полуфиналето.
 
Ова веројатно ќе биде последниот настап на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Роналдо на Светско првенство, освен ако не игра до својата 41 година.
 
„Ги повикувам навивачите - сакам да се случи пеколот на Драгао [стадионот]“, рече капитенот (37) за натпреварот кој се игра вечерва.
 
Португалија, која во полуфиналето ја победи Турција со 3-1, последен пат не успеа да стигне до Светско првенство во 1998 година.
 
Роналдо додаде: „Легнав синоќа мислејќи дека сакам стадионот да згрми со  нашата национална химна и да ги оставиме навивачите да ја пеат акапела за да ја покажеме нашата страст, нашата сила и обединување околу целта да стигнеме до Светското првенство.
 
„За нас оваа игра е прашање на живот и смрт. Има одговорност да победиме во овој натпревар. .
 
Роналдо е најдобар стрелец на сите времиња во машкиот репрезентативен фудбал со 115 гола, вклучувајќи седум на четири Светски првенства.