Фудбал
19. July 2016 - 17:53

Роналдо: Ќе се вратам посилен

 Најдобриот португалски фудбалер и член на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо кој поради повреда предвреме го заврши финалето на Европското првенство, порача дека за кусо време ќе ја санира повредата и дека посилен ќе се врати на терените.
 
- Им благодарам на сите кои му упатуваат пораки за брзо закрепнување и кои ме охрабруваат побрзо да се вратам на теренот. Можам на сите да им кажам дека ќе биде се во ред и дека ќе се вратам посилен, стои во обраќањето на Роналдо до своите фанови.
 
Португалецот во завршниот дуел на ЕУРО 2016 го повреди коленото и според сегашните информации отсутен од фудбалските терени ќе биде до септември.