Фудбал
21. јуни 2017 - 19:50

Роналдо и донесе победа на Португалија против Русија

 

 
 
 Првата ѕвезда на португалскиот фудбал Кристијано Роналдо и донесе победа на својата селекција во дуелот против Русија. 
 
На средбата од 2.коло на Купот на Конфедерации што се одржува во Русија, селекцијата на Португалија го совлада домаќинот Русија со 1:0, благодарение на голот кој го постигна Кристијано Роналдо уште во 8.минута од натпреварот. 
 
Со осоените три бора актуелните европски шампиони Португалците го презедоа лидерското место во А групата со вкупно 4 бодови, еден повеќе од Русија, додека по нив следуваат Мексико со 1 и Нов Зеланд без освоен бод. 
 
Токму овие две селекции Мексико и Нов Зеланд вечерва од 20 часот ќе го одиграат вториот натпревар од оваа група.