Роналдо го спореди своето соперништво со Меси на она на Сена и Прост во Формула 1

Фудбалерот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо, зборуваше за своето соперништво со напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси. Португалецот го спореди нивното соперништво со она на легендарните возачи на Формула 1, Аиртон Сена и Ален Прост.
- Имавме здраво соперништво, како Аиртон Сена и Ален Прост, и секогаш се базираше на почит надвор од теренот. Постојано се мотивиравме еден со друг да се туркаме подалеку од нашите граници, рече Роналдо во интервју за „CNN Portugal“.
Бразилецот Сена и Французинот Прост возеа за Мекларен во 1988/89 година и се бореа за шампионски титули. Прост освои четири светски првенства, Сена три.
Роналдо (41) е петкратен добитник на Златната топка и европски шампион во 2016 година.
Меси (39) ја освои Златната топка осум пати, што е рекорд.
Тој го освои Светското првенство во 2022 година со Аргентина и е двократен победник на Копа Америка.
МИА
Ново на Сител
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
-

Убиство во Скопје: Ќерка ја пронашла мајка си мртва во семејната куќа
-

Kривична за намерно предизвикување стечај
-

Усвоени измените на Законот за јавни набавки
-

Со македонски пасош олеснето може да се патyва во 114 држави во светот
-

Играј online: Лото 7 и Џокер на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Златна треска“ на Државна лотарија
