Роналдо ги отфрли обвинувањата за силување
Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо ги отфрли обвинувањата за силување, што против него ги изнесе Американката, Кетрин Мајорга.
- Ги отфрлам обвинувањата кои се поднесени против мене. Силувањето е одвратно злосторство, што се коси со се во што верувам. Сакам да ја тргнам лагата од моето име, но воедно одбивам да ги хранам медиумите со спектаклот што го создаваат луѓе кои сакаат да се промовираат на моја сметка. Мојата совест е чиста и затоа во мир ги чекам резултатите од истрагата, објави Роналдо на социјалните мрежи.
Мајорга го обвини фудбалерот дека во 2009 година ја нападнал и силувал во хотелска соба во Лас Вегас.
Нејзините обвинувања прв ги објави германски „Шпигел“, а наводно Мајорга поднела пријава, но ја повлекла откако добила 375.000 долари и се согласила никогаш да не проговори за тоа што се случило.
Роналдо најави дека ќе поднесе тужба против „Шпигел“ за изнесените обвинувања.
Во меѓувреме полицијата отвори истрага за овој случај.
Ново на Сител
-
Уште една успешна година: Dm drogerie markt со извонреден двоцифрен раст на прометот во деловната 2023/24
-
Откриени фосили од диносаурус во Хонг Конг
-
Кралот Чарлс стана висок поглавар нa Самоа, се напи и психотропна „кава-кава“
-
Шарапова и браќата Брајан нови членови на тениската Куќа на славните
-
Еурофарм Пелистер поразен од Веспрем
-
Набавиле кокаин и херион па го препакувале во угостителски објект во Охрид за препродажба
-
Три жени се тепале за паркинг во Аеродром по полноќ
-
Претреси во Македонски Брод, пронајдено оружје и муниција