Роналдињо стана косопственик на американски клуб
Легендата на Бразил и светскиот фудбал, Роналдињо стана косопственик, поточно акционер, на американскиот фудбалски клуб Гринвил Триумф. Клубот од Јужна Каролина е основан во 2018 година и се натпреварува во третата американска лига.
Роналдињо го потпиша договорот на Њујоршката берза во средата и беше претставен како акционер на Гринвил Триумф.
-Ова е можност за мене и нашата група да го поддржиме развојот на фудбалот, како и да бидеме дел од заедницата која го цени меѓународното присуство и уникатен микс на култури, рече Роналдињо во таа прилика.
Славниот 44-годишен Бразилец ги закачи копачките во 2018 година, а во својата богата кариера играше за Гремио, Пари Сен Жермен, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро, Керетаро и Флуминенсе.
Најголемиот клупски успех го постигна во дресот на Барселона, со која меѓу другото ја освои Лигата на шампионите во 2006 година.
Тој беше светски шампион со Бразил во 2002 година. Жолтиот дрес ја носеше 97 пати и постигна 33 гола.
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски и министерот за спорт Ристовски им посакаа среќа на македонските ракометари на СП
-
Намалена видливост поради магла на патот Гајре - Попова Шапка
-
Mојата душа е постара од мене | Ивона Јо | ПРОфесија | Sitel Podcast 077
-
27 годишна девојка паднала од зграда во Скопје и починала
-
Три жени се тепале во скопски Аеродром
-
Фризурата не им се допаѓала на класната и на директорката па ученик плачејќи сам си ја скратил, утврдена дискриминација во Миравци
-
Полицаец, дете и жена пренесени на клиника по пожар во куќа во Скопје
-
Бајден ќе го одликува Меси со претседателскиот Медал на слободата