Романскиот премиер Николае Чука си поднесе оставка
Романскиот премиер Николае Кука (56) вчера си поднесе оставка, а тоа го стори за да му ја отстапи премиерската функција на коалицискиот партнер како дел од договорот за поделба на власта, чија цел е да се одржи стабилноста во земјата зафатена од политички судири, објави Блумберг.
Чука, пензиониран армиски генерал, поднесе оставка по речиси 19 месеци на чело на владата за да му ја предаде власта на лидерот на социјалдемократите Марсело Чолаку.
Двајцата се согласија да ги заменат местата во 2021 година, откако Романија смени седум премиери за помалку од 10 години.
Замената беше одложена неколку недели поради штрајкот на наставниците, а по неколку неуспешни обиди, Чука успеа да ги убеди синдикатите да се откажат од протестите, давајќи им повисоки плати и ветувајќи им дека ќе ги подобрат условите за работа.
-Ја почнуваме процедурата за ротација и планираме до крајот на оваа недела да имаме нова влада за да продолжиме да ги решаваме сите прашања во државата, додаде Чука.
По консултациите со претседателот Клаус Јоханис, кој го номинира премиерот, Чолаку има 10 дена да го претстави кабинетот и да добие одобрение од парламентот.
Јоханис претходно изјави дека нема да се противи на промена на власта, доколку има договор во коалицијата.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
