Романскиот премиер Гриндијану нема да поднесе оставка
Романскиот премиер Сорин Гриндијану на седница на Националниот извршен комитет на владеачката Социјалдемократска партија (СДП), изјави дека нема да поднесе оставка, пренесе Аџерпрес.
-Во последните 20 години сме немале поагресивна кампања од оваа, која се води во последниов месец од страна на некои колеги, посочи премиерот.
Националниот извршен комитет на СДП денеска е свикан за да се реши судбината на кабинетот на Гриндијану.
Според романските медиуми, лидерот на СДП Ливиу Драгна планира да ја собори својата влада само половина година по нејзиното стапување на должноста.
Медиумите тврдат дека лидерот на социјалдемократите се закнаил со повлекување на политичката поддршка за владата затоа што бил незадоволен од забавувањето на мерките од програмата за владеење.
Пред седницата Ливиу Драгна изјави дека од никого не барал и нема да бара оставка, но додаде дека „така веќе не може да се продолжи“.
Дел од социјалдемократите, вклучувајќи го и поранешниот премиер Виктор Понта, како и организацијата на СДП во округот Јаш, меѓутоа, изјавија дека ќе продолжат да ја поддржуваат владата на Гриндијану.
Истовремено, помалиот коалициски партнер на СДП - Алијансата на либерали и демократи (АЛДЕ), денеска одлучи да ја повлече својата политичка поддршка за премиерот Сорин Гриндијану, соопшти лидерот на партијата Калин Попеску Таричану. Тој, исто така, кажа дека министрите од неговата партија се подготвени да поднесат оставка.
Ново на Сител
-
Зоолошка: Ламата која угина имаше туберкулоза, за оваа болест кај животните нема лек, ниту пак постои вакцина
-
По 7 години запуштеност, „Македонско село“ повторно ќе заживее!
-
Таравари: Секој кој се огрешил пред законите мора да понесе одговорност
-
Во тек е пријавувањето за финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за електрична енергија – рокот до 19 април
-
Филков-Божовиќ: Северна Македонија и Црна Гора имаат многу сличности во процесот на реформи
-
Уставниот суд утре ќе одлучува дали Џафери го дискриминирал Апасиев
-
Објавен конкурсот за распределба на 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина
-
Рокас: Корупцијата е голем предизвик за земјата, потребна е забрзана промена за постигнување на реформите