Романската опозиција побара предвремени избори, власта се противи и нуди нов премиер

Главната романска опозициска партија денеска побара свикување предвремени избори по оставката на премиерот Виктор Понта и неговата Влада, пренесоа американските медиуми.
Премиерот Виктор Понта, од редовите на социјалдемократите, денеска соопшти дека се повлекува од функцијата по масовните протести во Букурешт и другите романски градови поради петочниот пожар во еден ноќен клуб, во кој загинаа 32 лица, а приближно 200 беа повредени.
Алина Горгиу, копретседател на опозициската Национално-либерална партија, изјави дека нејзината партија бара избори за да се излезе од кризата во која земјата западна. Горгиу, меѓутоа, посочи дека за ова прашање бара широк политички договор со другите партии.
- Ние сакаме нов Парламент, што легитимитетот ќе го добие преку гласот на народот, рече Горгиу. „Имаме потреба од нов почеток“, рече таа и дополни дека Национално-либералната партија ова прашање ќе го разгледа со лидерите на другите политички сили во земјата.
Социјалдемократската партија (СДП) не се согласува со предлогот на Национално-либералната партија за организирање предвремени избори, соопшти денеска лидерот на владеачките социјалдемократи Ливиу Драгна, цитиран од агенцијата Аџерпрес.
Драгна изјави дека СДП ќе отиде на консултациите кај претседателот со предлог за нов премиер.
Лидерот на владеачката партија посочи дека откако премиерот Понта поднесе оставка и за привремен премиер го предложи министерот за одбрана, Мирча Душа, социјалдемократите ќе ги почекаат консултациите кај претседателот и ќе предложат нов премиер.
- Кај претседателот ќе одиме со предлог за премиер, што се надеваме ќе биде прифатен и ќе може да собере поддршка во Парламентот, рече Драгна и дополни дека предлогот ќе одговара на расположението во општеството.
- Не се согласуваме со предлогот на Национално-либералната партија за организирање предвремени избори бидејќи тоа ќе значи дека неколку месеци ќе имаме нестабилна Влада, а во следниот период треба да се прифати државниот буџет и доаѓа и зимата. Една нестабилна Влада не може да ги држи нештата под контрола, предупреди Ливиу Драгна.
Тој уште додаде дека не е задолжително идниот премиер да биде од редовите на социјалдемократите, но прецизира дека социјалдемократската партија сака да остане во власта.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
