Романот „Ненаситност“ од Виткевич преведен на македонски
Издавачката куќа „Бегемот“ го објави романот во два тома „Ненаситност“ од Станислав Игнаци Виткевич, главен претставник на полската авангардна литература. Преводот од полски на македонски е на Филип Димевски.
Се работи за вториот од двата главни романа на Виткевич. Почнал да го пишува веднаш по „Збогување со есента“, а го завршил во 1927 година, но бил објавен три години подоцна. Романот го следи животот на младиот Генезип Капен, притоа брутално фрлајќи го во најмрачните подземја на метафизиката.
- Романот е обемна дистописка визија со колосални диспропорции, кој голем број критичари го сметаат за магнум опус на Виткевич. Визијата за совршено дисциплинираната држава на кинеските комунисти, која ја освојува замислената контрареволуционерна Русија и се подготвува за напад на површно комунизираните држави на Западна Европа, романот „Ненаситност“ го прави еден од најуникатните романи во меѓувоената литература, а на неговиот автор чудниот стил на „црна комедија“ му обезбедува место помеѓу класиците на современата гротеска, соопшти „Бегемот
Ново на Сител
-
Роналдо на врвот на листата на најплатени спортисти во 2024 година во изборот на Спортико
-
Шефот на НАТО: На Украина никогаш не и било ветено членство
-
Зеленски: Нема да прифатиме договори меѓу САД и Русија без учество на Украина
-
Кривична против две лица од Скопје, обид за убиство
-
Кривична против сопственик на угостителски објект во Струга, сомнение за кражба на електрична енергија
-
15-годишно девојче пријавено за исчезнато
-
Бојкотите продолжуваат: Драматично зголемување на цените на храната во ЕУ и Западен Балкан
-
Шолц: Нема милост за уапсениот за нападот во Минхен, тој мора да ја напушти земјата