Романот „Црната кралица Косем-султан“ објавен на македонски јазик

Романот „Црната кралица Косем-султан“ од познатата турска авторка Демет Алтинјелеклиоглу е објавен на македонски јазик. Романот го преведе Нејат Селман, а го објави издавачката куќа „Бата прес“.
Романот е инспириран и напишан според вистинските историски настани во Османлиската империја, во седумнаесеттиот век. Борба за власт, убиства на можните претенденти на тронот, љубов и интриги во сарајот на султанот. Анастасија е подготвена на се за да стане најмоќната жена во Империјата. Силна, борбена и величествена. Ангел и демон во една личност. Во историјата е наречена црната кралица. За султанот Ахмед таа беше неговата Махпејкер (месечина) и Косем (водач).
Но, длабоко во себе, таа била една побожна попска ќерка, грабната од грчкиот остров Милос. Кога имала само петнаесет години, од Куманово, преку Скопје и Солун таа пристигнала во харемот на султанот во Цариград и била само една од многуте девојки што служеа во сарајот. Нејзината несекојдневна убавина и интелигенција ја забележала бабата на султанот Ахмед. Таа ја зела младата девојка под нејзина закрила, подготвувајќи ја за улогата што и самата некогаш ја имала. Анастасија станала најомилената жена на султанот, а по неговата смрт најсилната владетелка во Османлиската Империја. Сега како султанка, морала да го прифати предизвикот, интригите во палатата и секогаш да биде будна за непријателите што чекор по чекор се прикрадувале и биле смртна закана за неа и смртна закана за нејзините деца...
Авторката Демет Алтинјелеклиоглу е родена во Анкара. Таа дипломирала политички науки при универзитетот во Анкара. Од 1980 година, Демет работела како директор во различни сектори во ТРТ – турската радио и телевизија. Автор е на повеќе дела, а работи и како преведувач. Алтинјелеклиоглу со својата фамилија живее во Бодрум и Мајами. Романот за Косем-султан е една од најпродаваните и најпопуларните книги во Турција и е преведен во многу земји во светот, а според него е снимена и телевизиска серија што се прикажува во повеќе земји.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
