Романија ќе инвестира рекордни 10 милијарди евра за модернизација на вооружувањето
Парламентот во Букурешт одобри проект за модернизација на вооружените сили на Романија вреден повеќе од 10 милијарди евра, а програмата предвидува набавка на системи за ПВО, оклопни возила, тенкови Абрамс, самоодни хаубици и оружје за воените авиони Ф-16.
„Романија неодамна ја модернизира својата воздушна одбрана со купување на системот 'Патриот' со голем дострел и сега планира да купи 41 ракетен систем за ПВО со краток и многу краток дострел во вредност од 4,2 милијарди долари. Првата фаза започнува оваа година и во текот на следните осум години ќе бидат инвестирани 2,1 милијарда“, пишува порталот Балканска безбедносна мрежа, пренесе Бета.
Значајна инвестиција е планирана за набавка на борбени возила на пешадија, а за овие потреби ќе се потрошат три милијарди евра за 298 возила. Во првата фаза, која ќе трае во наредните девет години, планирано е да се купат 246 возила за 2,5 милијарди евра.
Ново на Сител
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
-

Земјотрес од 3.1 степени по Рихтер во источна Македонија
-

Облачно и ветровито
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
