-->
-->
Романија ги истражува киднапирањата на десетици лица, кои биле држени како робови
-->
Романското обвинителство ги истражува киднапирањата на десетици лица, меѓу кои и деца, кои биле држени против своја волја и принудени да работат или питачат.
Обвинители од службата за борба против организиран криминал денеска изјавија дека водат истрага за околу 40 лица, кои се осомничени дека во последните осум години примамиле речиси 40 лица со посебни потреби или многу сиромашни, кои ги принудувале да сечат дрва, да питачат или да се грижат за животни.
Некои од жртвите биле киднапирани од железничките и автобуските станици, пред цркви или од нивните домови. Понекогаш биле држени врзани или заклучени, биле малтретирани и не добивале доволно храна, па дури биле и принудувани физички да се пресметуваат меѓу себе поради забава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кривична против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили за штета на Буџетот од 31 милиони денари
-
Донација од шест електрични автобуси на ЈСП утре и купување на уште 120 за јавниот транспорт по општините
-
Ангела Меркел: Ако Украина пристапеше во НАТО во 2008, војната ќе започнеше порано
-
Папа Франциск: Лицемерните земји кои зборуваат за мир, а произведуваат оружје се виновни за војните
-
Титаниум – нов инстант лоз со возила на Државна лотарија
-
Почина владиката Тимотеј
-
Салах разочаран од Ливерпул
-
Опожарен деловен простор на Адвокатската комора