Романците денеска излегуваат на парламентарни избори во атмосфера на политички превирања
На Денот на Републиката, денеска во Романија се одржуваат парламентарни избори во атмосфера на политички превирања, во моментот кога Уставниот суд донесе одлука за пребројување на гласовите од првиот круг на претседателските избори , а Советот за одбрана ја обвини платформата ТикТок дека се вмеша во изборниот процес.
Романските медиуми јавуваат дека за место во парламентот ќе се борат вкупно 31 партија.
Последната анкета, објавена пред гласањето, предизвика особена загриженост бидејќи покажа дека во моментов прва партија по популарност кај Романците е националистичката Алијанса на обединети Романци (АУР) со 22 отсто поддршка, додека две екстремно десничарски партии, СОС Романија и ПОТ (Младинска партија), имаат по 4,6 отсто поддршка, пренесе порталот Hotnjuz.ro.
Владејачката Социјалдемократска партија (ПСД) на премиерот во заминување, Марсел Чолаку, е на второ место со 21,4 отсто од гласовите, по што следи реформистичката Унија за спас на Романија (УСР) со 17,5 отсто поддршка и Либералната партија (ПНЛ), која е поддржана од 13,4 отсто од граѓаните.
Коалицијата на УСР и либералите, која се смета за најверојатно сценарио, по објавувањето на резултатите од претседателските избори повеќе не е основно сценарио од неколку причини, наведува романски Инсајдер. Либералите би можеле да се вратат кај социјалдемократите во зависност од резултатите добиени на 1 декември, што би довело до останување на „големата коалиција“ на функцијата. Дури и ова сценарио е загрозено доколку екстремно десничарската националистичка коалиција освои мнозинство, наведуваат романските медиуми.
Романскиот парламент се состои од Претставнички дом и Сенат, кои се обновуваат на секои четири години.
Долниот дом има 330 членови избрани со пропорционална застапеност во 43 изборни единици: 41 ги претставуваат областите и избираат 279 пратеници, додека Букурешт формира единствена изборна единица која избира 29 пратеници. Последната изборна единица ги претставува Романците кои живеат во странство и избира четворица пратеници според мнозинскиот систем.
Сенатот има 136 членови, од кои двајца ги претставуваат Романците кои живеат во странство.
Новиот состав на Претставничкиот дом и Сенатот ќе го избираат нешто повеќе од 18 милиони Романци.
Ново на Сител
-
32-годишен скопјанец ги нападнал неговата мајка и баба
-
Тројца малолетници нападнале 60 годишник на автобуска во Гази Баба
-
ЕУ со нови санкции за Русија
-
Бунтовниците го укинаа полицискиот час во Дамаск
-
Царинска управа: Запленети накит, девизи, цигари, облека и автоделови
-
Костадиновски: Одлуката за подготвителна седница не е слабост, Судот ќе одлучува за иницијативите за Законот за јазиците најдоцна во мај
-
Сведокот Гоце Трајковски во случајот со убиството на Вања и Панче е осомничен за друго тешко кривично дело и по него се трага
-
Со нож се заканувал на вработен на патарина