Тенис
31. May 2016 - 14:45

Ролан Гарос: Има дожд, нема тенис

Организаторите на Ролан Гарос повторно имаат проблеми со дождот откако денеска по само 30-тина минути игра мораа да ги прекинат мечевите што почна околу 12:30 часот. Иако врнеше со со мал интензитет играчите сепак се појавија на четирите терени, но откако интензитетот на дождот се зголеми мечевите беа прекинати. На централниот терен првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ губи со 1-0 во сетови (6:3 во гемови) од Шпанецот Роберто Баутиста Агут. 
 
На теренот „Сузан Леглан“ Цветана Прионкова направи пресврт и ги доби сите шест гема во мечот со Агнешка Радванска и изедначи на 1-1 (2:6 и 6:3 во гемови). На теренот број 1 Саманта Стосур направи пресврт и од 3:5 во гемови при прекинот во недела го доби првиот сет против Симона Халеп со 7:6 (9:7).
 
На теренот број 2 Доминик Тием води со 5:2 во гемови против Марсел Гранољерс.
 
Според најавите до 15 часот сигурно нема да продолжат мечевите на терените на Ролан Гарос.