Рохани: Сите прифаќаат дека Асад треба да остане на власт
Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека меѓу големите сили гледа зголемено прифаќање на ставот дека сирискиот претседател Башар ал Асад треба да остане на власт.
- Верувам дека денеска сите прифаќаат дека претседателот Асад мора да остане за да можеме да се бориме против тероризмот, изјави Рохани за Си-Ен-Ен.
Рохани нагласи дека Сирија, кога првична цел е борба против тероризмот, за терористите да бидат поразени, нема друг избор освен зајакнување на централната власт и централната влада.
Иранскиот претседател најави дека Техеран ќе се ангажира по прашањето за ослободување на тројцата Американци од ирански затвор, ако САД ги ослободат заробените Иранци.
- Ако Америка преземе соодветни чекори и ги ослободи, тоа сигурно ќе создаде поволна атмосфера и вистински услови и ние да направиме се во наша моќ за да обезбедиме најбрзо можно ослободување на Американците, истакна Рохани.
Рохани се очекува да се обрати за кризата во Сирија за време на дебата на Седницата на Генералното собрание на ОН, по говорот на американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин.
Ново на Сител
-
Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ
-
ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево
-
Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари