Рохани му се извинил на Зеленски за урнатиот украински авион крај Техеран
Иранскиот претседател Хасан Рохани и се извинил на Украина за соборениот украински патнички авион во близина на Техеран, информира украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Двајцата претседатели имале телефонски разговор, соопшти прес службата на шефот на украинската држава.
„Рохани се извини за трагедијата, која однесе животи на 176 лица. Претседателот на Иран целосно признава дека до трагедијата дојде поради погрешни дејствија на војската во нивната земја”, се наведува во соопштението на украинското претседателство.
Зеленски на Рохани му соопштил дека инсистира Иран под итно да го заврши идентификувањето на телата на загинатите во инцидентот.
„За нас е исклучително важно следната недела, до 19 јануари, телата на загинатите да бидат вратени во Украина, за да можат роднините да се збогуваат со нив“, подвлече украинскиот претседател.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни три пожари, под контрола четири, изгаснати 31
-
Украина и Русија меѓусебно се обвинија за воздушни напади во текот на ноќта на граничните области
-
Петмина затвореници побегнаа од строго чуван затвор во Португалија
-
Граничниот премин Калово меѓу Македонија и Србија денеска ќе биде отворен до 22 часот
-
Честитка од претседателот на СПМ Љупчо Димовски по повод 8 Септември
-
Честитка од министерот Мисајловски по повод Денот на независноста
-
Честитка од Сиљановска Давкова по повод 8 Септември
-
На ГП од македонска страна нема подолги задржувања з влез и излез од државава