Роднина со пиштол под закана го држел во заложништво барајќи да го вработи и да му препише возило

На 01.04.2025 полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода А.И. од Охрид, постапувајќи по претходна пријава од страна на маж од Охрид, заради постоење сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ (чл. 140 ст.1 од КЗ) и „изнуда“ (чл.258, ст.1 од КЗ).
Според пријавителот, инаку во роднинска врска со пријавениот, на 31.03. 2025 околу 21 часот А.И. дошол во домот на пријавителот и со пиштол, под закана го држел и физички го нападнал, барајќи од него да му препише во сопственост патничко возило и да добие вработување во фирмата на пријавителот. При тоа, консумирал и бела прашкаста материја.
Откако пријавителот ветил дека ќе ги исполни барањата на А.И., заедно се упатиле кон фирмата на пријавителот, при што тој успеал да побегне и случајот го пријавил во полиција.
А.И. е лишен од слобода, а бил извршен и претрес во стан и други простории кои тој ги користи, при што се пронајдени пиштол, кеси со семки од канабис, остатоци од канабис, една дробилка. предмети со остатоци од бела прашкаста материја и друг. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
