Роднина на осудените: Пендаровски ни рече дека ако се дознае вистината за „Монструм“ може да има војна

Во вчершната емисија на „Клик Плус“ на ТВ21 Бедри Ајдари, роднина на еден на осудените „Монструм“ кажа дека на еден од порестите на шарена револуција, Пендаровски им кажал дека ако се дознае вистината за „Монструм“, можно е да има војна.
„За време на протестите на шарена револуција во 2016 година пред Собранието се сретнавме со Стево Пендаровски, сегашен претседател, тогашен пратеник. Го прашавме што се случува со „бомбите“ за Монструм. Пендаровски ни рече цитирам: ‘на еден состанок присуствуваше еден Американец кој ми рече дека за Монструм ќе се поттикне војна, со тоа што ќе разберат луѓето кои се вистинските убијци и кои се нарачателите и виновниците. Тогаш сите заедно, и Македонци и Албанци ќе отидат пред влада и ќе има крвопролевање, затоа што ќе сакаат Груевски да го фатат за гуша и да го прашаат зошто го нарача овој монструозен чин, кој ќе доведе до војна’. Ова му го кажувам јавно на Пендаровски тука во ова студио, а можам да го кажам и било каде “, рече Ајдари.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација (ЗНАМ)
-

Мицкоски за Рамадани: Себичен потег кој им штети на другите кандидати на ВРЕДИ
-

Активности на кандидатите за градоначалници
-

Дождот ја стопираше акцијата за собирање смет во главниот град - улиците под вода
-

Од утре 11 нови директни авиолинии од скопскиот и охридскиот аеродром
-

Депонии на секој чекор
-

Наколната населба во Дојран била изградена од повеќе мали платформи поврзани со мостови
-

Неопходно е носење на закон за заштита на Охридското Езеро
