Џет-Сет
31. May 2016 - 12:38

Родителите на овие славни личности биле хомосексуалци

За разлика од минатото кога ова беше табу тема, денес славните актери говорат за нивните родители кои на крајот излегоа хомосексуалци.
 
Роберт Де Ниро е еден од светски славните актери кои претрпеле развод на родителите. Неговите мајка и татко ставиле точка на бракот кога неговиот татко сфатил дека сака мажи. Тој долго се борел со депресија бидејќи е хомосексуалец.
 
И раперот 50 цент имал мајка која е лезбејка, а воедно и зависничка од дрога.
 
Лајза Минели имала татко кој бил хомосексуалец. За ова никогаш не говорел јавно, се додека Холивуд не ја дознал тајната.
 
И Џоди Фостер имала мајка која била наклонета кон жени. Актерката била одгледана од страна на мајка и и нејзината партнерка.