Родителите и феноменот „омилено дете“

По правило, сите се согласуваат оти дека сите деца треба да бидат сакани и третирани подеднакво. Сепак, сè уште има многу родители кои повеќе му се посветуваат на едно од своите деца, иако не сакаат да го споделат тоа со другите, па дури ни да си признаат себе. Тој факт дека родителите имаат омилено дете, само означува дека тоа е природна и вообичаена појава, покажуваат психолошките истражувања.
Зошто за еден родител, едно од неговите / нејзините деца би било „посебно“? Се чини, едно нешто коешто влијае на тоа е редоследот на раѓање. Омиленото дете може да биде првото, но повеќе од половина од испитаниците во психолошките испитувања одговориле дека го фаворизираат своето најмало дете.
Омиленото дете во семејствата со три деца, многу ретко е средното. Во таа смисла, во психологија, се говори за добро познатиот синдром на средно дете, кога личноста се чувствува изолирано и запоставено, пишува „Политика“.
Улога во тој „избор на омилено дете“ има и личноста на родителот и неговите животни искуства. Нашите деца ги одразуваат нашите квалитети, без разлика дали се добри или лоши. Така, не е изненадувачки што родителот претпочита да минува повеќе време со дете кое му дава чувство на успех, на пр., а тоа се доживува потсвесно како препознавање свои особини кај детето.
Квалитетот на семејните односи е исто така важен фактор. Некои деца понекогаш ги потсетуваат своите родители на личност од минатото која им значела многу, на пр. починат родител, омилена тетка или поранешна девојка / момче.
Но, како што, вообичаено, сè се менува, така се менува и изборот на омилено дете. Самиот концепт има многу менлива природа. Луѓето се менуваат, па и, особено - децата кои сè уште се во процес на обликување на сопствената личност. Понекогаш родителите често го менуваат изборот на омилено дете и им го признаваат тоа на своите деца, најчесто обидувајќи се да ги охрабрат да се однесуваат подобро.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Крушево, од недела опаѓање на температурите и снег на планините
-

Нормализиран сообраќајот на патот Македонски Брод - Скопје кај Јасен
-

Осум Албанци уапсени во Белгија под сомнение за атентат врз главниот обвинител во Брисел
-

ЈСП Скопје: Не е вистина дека тригодишно дете и тројца возрасни биле заглавени на жичарата на Водно
-

Одрон на патот Маврово-Дебар кај село Врбјани, сообраќајот по една лента
-

Јужнокорејски ферибот со 267 патници заринка кај островот Џинда
-

Обвинителство: Се бара одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагдеијата во „Пулс“
-

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026
