Родено со само 620 грама: Ова бебе ја победи невозможноста со огромна желба за живот!
Кога се родила Франческа била тешка само 620 грама. Да се родела само еден ден претходно лекарите не би можеле ништо да сторат за неа. Малата Франческа родена е веднаш откако нејзината мајка влегла во 24-тата недела од бременоста, што е најрано време можно за бебето да преживее, и тоа само благодарение на новата медицина.
Во април минатата година тогаш 36-годишната трудница, Викторија Бредли од Ливерпул оддеднаш почуствувала болка во грбот и стомакот за следниот ден веќе да роди ќерка по природен пат, пишува Билд.

- Кога се родила, изгледала како 3Д снимка, кожата и била провидна, се сеќава Викторија.
Медицинскиот персонал направил отпечатоци од нозете и рацете на бебето за да го олеснат најверојатното оделување со родителите. Никој не верувал во можноста тоа да преживее. Но и покрај мрачните предвидувања, Франческа како мал вистински борец ги победила статистиките и предвидувањата.

Дури по 17 недели минати во болница, 15 трансфузии на крв и ласерска операција која и го сочувала видот, девојчето здраво и живо е пуштено дома на голема радост на родителите. Денес Франческа има 6,86 килограми и одлично напредува, без никакви последици. 

Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
