Рочиштето за „Тврдина 2“ одложено за 23 мај
Денешното рочиште за судењето за случајот „Тврдина 2“ на СЈО е одложено за 23 мај, поради отсуство на обвинетиот Горан Грујевски, поранешен началник на Петта управа на МВР. Одбраната соопшти дека тој имал здравствени проблеми и затоа не дошол на судењето.
СЈО побара да се проверат медицинските документи на Грујевски и да се проверат и видео снимки од надзор во МВР и од УБК, бидејќи, според тврдењата на Обвинителството бил во нивните простории, додека бил на боледување.
Одбраната порача дека не е првпат Грујевски да отсуствува поради здравствени проблеми, бидејќи има хронична болест, а, како што рече, со тоа бил запознаено и обвинителството.
Последното одложување на рочиштето за овој случај беше на 13 март, поради отсуство на судијката Лидија Петровска од скопскиот Кривичен суд, која е на боледување.
Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништувањето документација во врска со системите од незаконското прислушување. Осомничени се поранешниот началник на Управата за безбедност и контраразузнавање Горан Грујовски и шестмина вработени во УБК, кои се товарат за незаконско уништување на документација која била потребна во истрагата за откривање на начинот на кој УБК вршела прислушување.
Ново на Сител
-
Песни и оро во срцето на Скопје, продолжува традицијата стара речиси цел век
-
Отворен ски-центарот „Михајлово“ на Кожуф
-
Мицкоски за Судски совет: Уништен им е кредибилитетот
-
Полска го презема претседателството со ЕУ – од денеска Бугарија и Романија во Шенген
-
Преглед на вестите од светот
-
Новогодишен Дневник 2024
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Апсолутна победа на Мицкоски, Ахмети замина во опозиција, Филипче – нов лидер на СДСМ