Роберт Вељановски: Македонскиот јазик никогаш не може да биде втор јазик во Република Македонија
СДСМ продолжува со својот дилетантски, штетен и понижувачки однос кон националните интереси, кршејќи ги процедурите и игнорирајќи го крикот на стручната јавност во однос на предложениот Закон за употребата на македонскиот јазик.
Скандалозна е формулацијата во член 4, алинеја 11 од предложениот Закон за употреба на македонскиот јазик во која СДСМ македонскиот јазик го третира како втор јазик, во и надвор од Република Македонија“. Македонскиот јазик никогаш не може да биде ниту странски, ниту втор јазик во Република Македонија.
Членот 7 од истиот закон е неуставен и навредлив. Тој гласи: „На јавните настани што се организираат во Република Македонија, а се финансирани од буџетот, задолжително се употребува И Македонскиот јазик“.
Согласно Уставот, ДРУГ јазик може да се употребува ПОКРАЈ македонскиот на сите јавни настани, а не македонскиот да биде придружен јазик на некој друг јазик. Ова е уште еден показател дека за СДСМ, Македонскиот јазик е втор јазик во Република Македонија.
Ова се само мал дел од најсериозните забелешки за ова избрзано и омаловажувачко законско решение на СДСМ. Бараме владата на Заев и Спасовски да не ја става политиката над науката и да ги слушне жестоките реакции и критики на 90% од македонската стручна јавност за ова несреќно законско решение.
Инсистираме на тоа дека овој закон не смее да се носи на шверцерски начин и со импровизации, туку во редовна постапка, со прифаќање на сите забелешки на експертската јавност и задолжително во редовна процедура низ три читања.
СДСМ мора да прифати дека македонскиот јазик не е ниту втор јазик, ниту странски јазик во Република Македонија. СДСМ мора да престане да ја злоупотребува техничката влада за тесно-партиски интереси и истата мора да почне да работи на обезбедување демократски амбиент пред изборите на 12-ти април.
ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави со сите законски и демократски средства на ваквиот штетен и омаловажувачки однос на СДСМ кон Македонскиот јазик и ќе работи на негово итно и темелно подобрување.
Почитувани, обновата доаѓа, промените доаѓаат, а со нив и одговорноста за сите кои го прекршиле законот и нанеле штета на македонските национални интереси. Заев и СДСМ се виновни за поразите, измамите и криминалите. На 12 април следува одговорност. Заев никогаш повеќе!!!
Прес-конференција на Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
МЗ: Владата усвои информација за состојбата во хируршките клиники, се укажува да се замени опремата на централната компресорска станица со нова
-
Во полициска акција во шест европски земји уапсени 17 членови на албанска нарко организација
-
Тешко повреден работник во фирма во Скопје
-
Финансиска и логистичка поддршка за македонскиот олимписки спорт од меѓународните олимписки организации
-
239 куршуми одземени од кичевчанец
-
Малолетно девојче нападнато и ограбено во Аеродром
-
43-годишник не прифатил знак за запирање и со возило се обидел да удри во полицаец
-
Сообраќајот на автопатот Скопје - Велес пред Катланово пренасочен преку езерото Младост