Бизнис
23. September 2021 - 16:31

РКЕ почна постапка за одземање лиценца на две компании кои снабдуваат струја

РКЕ почна постапка за одземање на лиценците на двајца снабдувачи со струја, поради недолично однесување на пазарот. Иако неколку пати биле предупредени на време да ги обезбедат сите потребни количини електрична енергија за своите потрошувачи, не го сториле тоа, за потоа недостатоците да ги надоместуваат од резервите на Мепсо кои компанијата ги користи во исклучителни случаи. Со тоа го довеле во опасност целиот енергетски систем. Од РКЕ велат дека досега околу стотина фирми се пожалиле на проблеми со снабдувачи, но од таму уверуваат дека снабдувањето кај домаќинствата е стабилно.

Неколку компании се обиделе да ги манипулираат потрошувачите. Пред време раскинале договори, и додека да се најде нов снабдувач, наместо по истата, струјата им ја фактурирале по нова цена што е спротивно на правилата.

Регулаторна ќе бара во идина тие да може да ги казнуваат снабдувачите, а не тоа да го прават преку Пазарниот испекторат.

Бислимовски посочи дека во моментов цената на струјата на берзите руши рекорди, но се надеваат дека состојбата ќе се стабилизира.