РКЕ: Нова цена на струјата за два месеци

Поради вонредната состојба во која до неодамна беше земјата – Регулаторната комисија за енергетика, на барање на енергетските компании направи промена на правилниците за електрична енергија, природен гас и топлинска енергија. Тоа значи дека новите цени – ќе се носат пролонгирано, односно новата цена на струјата ќе се знае за два месеци.
„Со оглед дека вонредната состојба заврши минатата недела, создадени се сите предусловите во кои роковите отпочнуваат да течат за определување на максимален приход, просечни тарифи за пренос и дистрибуција на електрична енергија, организирање и управување со пазарот на електрична енергија, како и определување на цената на електрична енергија по којашто се врши продажба на електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи. Истото важи друштвата за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Се очекува овој процес да заврши најдоцна во следните два месеци, кога и јавноста ќе ја известиме за донесените одлуките, велат од Регулаторната комисија за енергетика.
Енергетските компании побарале да се пролонгираат роковите за да има простор да ги достават дополнителните барани анализи на состојбата, на што одговоривме со измена во правилниците.
Ново на Сител
-

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат
-

Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта
-

Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез
-

Рубио повика на воздржаност поради ескалацијата на насилството во Јемен
-

Хрватска од 1 јануари ја презема контролата и заштитата на сопствениот воздушен простор
-

Пет лица се повредени во руски напад врз Киев
-

Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја
-

Фон дер Лајен телефонски ќе разговара со Зеленски и други европски лидери
