РКЕ: Лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) во февруари има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталирана моќност од 29,16 мегавати, со што вкупната инсталирана моќност за две години и два месеца достигнува над 616 мегавати.
Како што соопшти РКЕ, претседателот на Комисијата Марко Бислимоски изјави дека лиценци за нови енергетски инвестиции во капацитети со вкупна инсталирана моќност од над половина GW (616 MW) се издадени, изградени и пуштени во употреба за 26 месеци.
-За споредба еден блок од РЕК Битола е со инсталиран капацитет од 233 MW, а Осломеј е 125 MW од каде се произведува струја од јаглен, тоа се капацитети што се граделе со години и се дефинираат како стожери во енергетската независност. Денес, за две години и два месеца, изградени се и пуштени во мрежа нови енергетски капацитети со инсталирана моќност од 616,42 MW што произведуваат струја доминантно од Сонце, но има и од ветер, вода и биомаса. Ако направите споредба денес имаме еден нов РЕК Битола реализирано, или три нови ТЕЦ Осломеј – и токму затоа енергетската транзиција не е тема за дискусија тука таа е реалност, изјави Бислимоски.
Новите енергетски капацитети со инсталирана моќност од 616,42 MW што произведуваат струја од обновливи извори, посочува РКЕ, се доволни за потребите на 194,5 илјади домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија.
Ново на Сител
-
Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан чиноначалствуваше со литургијата во Стоби по повод 1700 од Првиот вселенски собор
-
Падна кран во Битола
-
ОЈО бара Арсовска да им презентира докази
-
Македонски тим од неврохирурзи и невролози добитници на 2-ра награда на Меѓународниот конгрес по невронаука | ФОТО
-
Приведен 42-годишник од Тетово, управувал со возило под дејство на алкохол
-
„Велт ем Зонтаг“: Бројот на натурализации во Германија достигна нов рекорд - речиси 250.000 во 2024 година
-
Јаневска: Модернизација на студиските програми и повеќе пракса во компании ќе ги задржи студентите на нашите универзитети
-
Џефри Сакс: „Четворицата мускетари“ нема да обезбедат воена победа за Украина