РКЕ: Грејната сезона може да почне и порано
Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) соопшти дека доколку прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква на 12 степени целзиусови, грејната сезона може да започне и порано односно на 1 октомври.
– Официјално грејната сезона започнува од 15 октомври и трае до 15 април следната година, но доколку добиеме податоци од УХМР дека прогнозата за средната надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква на 12 степени целзиусови веднаш РКЕ ги известува снабдувачите со топлинска енергија со насока да стартуваат со испорака, вели Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Во моментов се прават ладни проби за да може без проблем да започне испораката на топлинска енергија – информираа снабдувачите на одржаниот координативен состанок со РКЕ.
-Одржавме состанок со Снабдување со топлина БЕГ и Скопје Север, додека со ЕСМ Енергетика во телефонски разговор ни потврдија дека се подготвени за новата грејна сезона. Снабдувачите се свесни дека измените на законите за зголемување на казните се во постапка и оваа грејна сезона веќе се на терен проактивни. Од БЕГ не информираа дека во моментот имаат проблем со околу 380 колективни станбени објекти кои имаат дефекти во внатрешна инсталација или немаат електрична енергија во топлинските станици, со што е оневозможен пристап на екипите до топлинските станици. Апелирам до Управителите на објектите, односно Заедниците на сопственици да ги подмират навреме сметките за електрична енергија за топлинските станици за да може без проблеми да стартува грејната сезона, истакнува Бислимоски.
Од минатата грејна сезона до оваа приклучени се околу 2 000 нови потрошувачи на трите топлани, меѓу кои и дел од комплексот Лимак. Инаку во Скопје, вкупно околу 60.000 домаќинства и објекти се греат на топлинска енергија.
Ново на Сител
-
Експерти: ДИК не смее да усвојува правилник за изборите
-
Тема на денот со Борис Кондарко - Претседател на ДИК
-
Опозицијата бара кривична одговорност за началникот, Мицкоски вели ако се огрешил ќе одговара
-
Мицкоски контра Меџити - Убивањето на безбедносните сили од заседа во 2001 не може да е разумно
-
Упатство на ДИК за независните ќе биде без број на потписи и без заверка од нотар
-
Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра преку тендери
-
Не исправна е одлуката на министерот за одземање на ингеренциите на Стоматолошката комора тврди претседателот
-
1.118 матуранти неделава повторно на „жешките“ столчиња