РКЕ: ЕВН Хоме да ги корегира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) информира дека (согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувач во краен случај, член 10 став 8 ), сите домаќинства кои добиле сметки за електрична енергија и имаат прв пат фактурирана потрошувачка во четврт блок, ЕВН Хоме е должен да ги корегира сметките за електрична енергија и да направи соодветна распределба по блокови согласно историјатот на просечната потрошувачка на домаќинството во последните три пресметковни периоди.
Потрошувачите кои се незадоволни од пресметката на потрошената енергија и износот на сметката, (согласно член 37 од Законот за енергетика, Правилата за снабдување со електрична енергија и Правилата за постапување на приговори и разрешување на спорови, потрошувачите за секоја фактура), се додава во соопштението, имаат право да вложат приговор до универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ.
- Доколку потрошувачот не е задоволен од добиениот одговор или не добијат одговор во законски предвидениот рок (од 8 дена), имаат право да поднесат приговор до РКЕ како второстепен орган. За приговорот до РКЕ нема пропишано посебна форма/формулар и кон истиот треба да приложат: копија од вложениот приговор до ЕВН ХОМЕ, одговорот од ЕВН ХОМЕ и копија од сметката по која приговараат. Приговорот може да се достави во архивата на РКЕ или електронски по е-маил на erc@erc.org.mk и potrosuvaci@erc.org.mk ., појаснуваат од РКЕ и додаваат дека против решенијата на РКЕ незадоволната странка може да поведе Управен спор.
Од 1 јануари 2025 година цената на струјата за просечна потрошувачка во сите четири блокови е зголемена за помалку од еден процент (0,92 %). Конкретно во прв блок цената е зголемена за 0,68%, додека во втор блок цената е зголемена за 0,90 %
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, се подвлекува во соопштението, ги повикува политичките партии да не ги политизираат одлуките на РКЕ кое е независно тело.
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
