РКЕ: Денеска завршува грејната сезона
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информира дека денеска завршува редовната грејна сезона, како и дека доколку има поладни денови до крајот на месецов на дневно ниво ќе се одлучува дали ќе има греење и тоа врз основа на прогноза на Управата за хидрометеоролошки работи.
-Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја информира јавноста дека согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија заклучно со денеска 15 април завршува редовната грејна сезона. Во останатите денови до крај на април, согласно Правилата со цел да им се овозможи комфор на граѓаните доколку има поладни денови, ќе се одлучува на дневно ниво дали ќе има греење врз основа на прогноза која УХМР ја доставува, се вели во соопштението од РКЕ.
Во него се додава дека доколку УХМР достави прогноза во која се предвидува средна надворешна температура за следниот ден да е помала или еднаква на 12 степени целзиусови, топланите се должни да испорачуваат топлинска енергија до потрошувачите.
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза