-->
-->
РК Вардар го договори највисокиот играч во ЛШ
-->
Ракометниот клуб Вардар, на својата интернет страница, објави дека потпишал тригодишен договор со највисокиот играч во Лигата на шампионите, 213 сантиметри високиот Даинас Кристопанс.
Летонецот Кристопанс сезонава настапува за екипата на Мешков Брест, а договорот со Вардар ќе започне да важи од сезоната 2017/2018. Критопанс на позицијата десен бек ќе го замени Алекс Душебаев кој по завршувањето на сезоната ќе го напушти Вардар.
„Секогаш е задоволство кога можеш да потврдиш дека сте успеале да донесете играч кој е веќе докажан, но се уште може да напредува и заедно да се радуваме на нови победи. Даинис Кристопанс доаѓа во Вардар како големо засилување за тимот, не само во нападот туку и во одбрана. Веруваме дека неговото доаѓање ќе придонесе за уште подобра игра на екипата, и во одбрана и напад, а тој ќе ги покаже сопствениот раскошен талент и квалитети“, изјавил за клупската интернет страница Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.
Кристопанс лани ја имаше најдобрата сезона во ЛШ, постигнувајќи 62 гола. Сезонава постигна 23 гола на пет натпревари. Во СЕХА лигата има постигнато 25 гола на седум натпревари, и е втор најдобар стрелец во тимот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците
-
Дали членовите на Судски совет ќе си поднесат оставка ако им биде изгласана недоверба?
-
Измените на Кривичниот законик пред Уставен
-
Општините повторно може да аплицираат за пари од државата за инфраструктурни проекти
-
За поголема безбедност во сообраќајот, Штип го имплементира проектот “Save city”
-
Тренд на интелектуална миграција