-->
-->
РК Охрид преку Волнедам во следната рунда
-->

Ракометарите на „Охрид“ изборија пласман во втората рунда од претквалификациските натпревари за пласман во Купот на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Тие синоќа во спортската сала „Билјанини извори“ во драматична завршница со 24:23 го совладаа холандскиот ракометен клуб „Крас Волендам“.
Станува збор за историски успех на охридските „Гладијатори“. Двомечот против гостите од Холандија на домашен терен беше решен на вториот натпревар откако првиот дуел одигран завчера заврши без победник со резултат 24:24.
Со вчерашната победа Ракометниот клуб „Охрид“ обезбеди учеството во втората рунда од натпреварувањата за пласман во групната фаза на Купот на ЕХФ, a за противник ќе го има португалскиот ракометен клуб „Порто“. Натпреварите од двомечот со „Порто“ се предвидени за идниот месец.
фото: www.ohridnews.com
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пензионерите бараат линеарното зголемување да стане законско - трошоците за живот растат исто за сите
-

Со пари од ИБРД и КФВ до енергетско ефикасни студентски домови
-

Преглед на вестите од светот
-

Опозициски пратенички прашања во Собранието
-

Мицкоски: Врховниот суд нанесува срам на правдата во Македонија, тоа се остатоците на СДС и ДУИ
-

Недоволната едукација предизвик во современото пчеларство
-

Карбинци подготвува нови зони за индустрија и домување
-

Преглед на вестите од светот
