Ризици од нови поголеми поплави во Франција

Новите дождови кои се најавени во северниот дел на Франција ја зголемуваат опасноста од нови поплавим посебно долж реките Сена, Марна и Лоара, поради што се изаддени предупредувања во речиси сите департмани од северот на земјата, јави дописникот на МИА од Париз.
По еднодневното смирување на дождот, во текот на денешниот ден се очекуваат нови врнежи. Од почетокот на врнежите спасувачките екипи интервенираа 10 000 пати. Градот Немур е веќе под вода.
- Станува збор за исклучителен пораст на водата во реките, поголем од тој од историските поплави од 1910 година, кога Париз пливаше под вода, предупреди Метео Франс.
Во осумдесет општини е прекината наставата, пред се во реонот на Луанг, притока на Сена. Во Немур нивото на водата достигнато за време на поплавите во 1910 година од 4,25 метри веќе е надминато.
Околу 10.000 домови се без електрична енергија, а пристапот кон Орлеан е отежнат поради поплавените пруги и патишта. Прекинат е сообраќајот и на автопатот А10, а замокот од Шамборд е опколен со вода.
Во Париз, еден дел од кејот на Сена е затворени по изливањето на водата. Според прогнозата, се очекува нивото на Сена да продолжи да расте и за викеднот е предвидено таа да достигне меѓу 5,10 и 5,70 метри.
Од силните и обилни врнежи на дожд се погодени и Австрија и Германија.
Ново на Сител
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
-

Германски државјанин поседувал марихуана при влез во државава
-

На скопјанка од Аеродром возилото и било оштетено од заталкан куршум
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
