Македонија
24. October 2015 - 14:51

Ристовски во увид на доградбата на подрачното училиште во скопски Хром

Заменик - министерот за образование и наука, Спиро Ристовски денеска изврши увид во активностите за доградба на нови простории и реконструкција на постојниот објект на подрачното основно училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ во скопската населба Хром. 

- Проектот го ветивме и го отпочнавме пред нешто повеќе од еден месец. Можам да кажам дека сум навистина задоволен бидејќи активностите се реализираат согласно планот и динамиката. Градежните активности на првиот кат се во завршна фаза. Како што бев информиран од страна на изведувачот, планот е некаде во следната недела да се започне со поставување на плочата од вториот кат на ова училиште, и истовремено за некаде еден месец од сега да започне ѕидањето на училиштето, рече Ристовски.

Согласно планот и договорот подрачното училиште треба да биде завршено во март 2016.

- МОН заедно со општината Ѓорче Петров на еден начин ќе реализираат уште едно ветување за граѓаните во Хром. Ќе биде завршен проектот за петолетка. Продолжуваме со проектот со општината Ѓорче Петров во наредните две години ова училиште да прерасне во деветолетка и да ги задоволи потребите на граѓаните и жителите на Хром, изјави Ристовски.

За подрачното училиште МОН издвоено околу 27, 5 милиони денари.  

- Во ОУ „Димитар Георгиев Поп Беровски“, во постојното има доволно кадар, меѓутоа ако се појави потреба од дополнителен кадар ќе има дополнителен кадар, како и за сите нови објекти коишто ги градиме кога зборуваме за училишта, доколку има реална потреба од нови работни места сите ќе бидат обезбедени и реализирани, рече заменик-министерот Ристовски.