-->
-->
Ристовски „прв голман “ на Барселона
-->
Голманот на ракометната репрезентација на Шпанија и на Барселона Гонзало Перез де Варгас вчера се здоби со повреда на малиот прст на левата рака и итно во текот на утрешниот ден ќе биде опериран. Тој повредата ја добил на тренинг и „каталонците“ ќе бидат без него до крајот на сезоната.
Ова може да претставува сериозен проблем за Барселона во пресрет на четвртфиналните дуели од Лигата на шампионите со германскиот тим Кил. Двата дуела со Кил се играат на 23.април и на 29.април и се очекува како прв избор на голманската позиција да биде македонскиот интернационалец Борко Ристовски.
Лани во четвртфиналето на ЛШ токму Кил ја елиминираше Барселона, која се подготвува за реванш и со тоа да избори пласман на завршниот турнир во Келн.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори