Македонија
31. October 2016 - 22:55

Ристовски на средби со жители на општина Бутел

Повеќе од убеден сум дека на 11 декември граѓаните ќе направат сериозна разлика меѓу посветеноста и деструкцијата и ќе стават крај на оваа политичка криза, а Македонија ќе продолжи цврсто, стабилно, реформски да се развива на сите нивоа по однос на сите параметри коишто се од исклучително значење за нашата држава.

Ова го порача заменик министерот за образование и наука и член на ВМРО-ДПМНЕ Спиро Ристовски на денешните средби со жителите на општина Бутел.

- Денеска сум во посета на општина Бутел на средби со граѓаните и со нашите поддржувачи за промоција на досега реализираните проекти и директен разговор со нив за да ги презентираме сите состојби што досега го карактеризираа функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект, изјави Ристовски.

Нагласи дека тоа се однесува на посветеноста во делот на реализација на понудените проекти и отчетноста кон граѓаните за се што досега е реализирано и за планoви за следниот период.

- Само на тој начин може да се продолжи да се функционира доколку имаш доверба од граѓаните, потенцира Ристовски.