Ристовски: Изградба на нови училишта, градинки и базен во општина Аеродром
Изградба на нов училишен објект за ОУ „Димитар Македонски“, спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче, комплетно ново средно училиште, затворен базен и пет детски градинки во општина Аеродром, најави Спиро Ристовски при денешната посета и средбата со жителите на оваа општина.
- Денеска сум во посета на Општина Аеродром, односно на неколку локации за изградба на објекти предвидени во рамки на Програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ за следниот мандат. Во населеното место Лисиче планирана е изградба на нов училишен објект за ОУ „Димитар Македонски“ соодветно на барањето на месното население, а и на потребите на учениците и наставниците, рече тој.
Информира дека е изработен комплетно нов проект за изградба на ново училиште за ОУ „Димитар Македонски“ врз основа на проектирана вредност од 1,2 милион евра, а средствата ќе ги обезбеди МОН. - Очекувам по завршување на изборниот процес и формирање на владата МОН веднаш да распише тендер за избор на фирма изведувач која што потоа ќе ги почне градежните активности, рече Ристовски.
Според него, станува збор за една исклучително значајна инвестиција заради тоа што постојниот училишен објект е стар и монтажен, изграден по земјотресот.
- Врз основа на планот и потребите за граѓаните на општина Аеродром предвидени се неколку значајни капитални проекти. Покрај ова основно училиште, планирана е и изградба на спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче, изградба на комплетно ново средно училиште што ќе влезе во рамки на средните училишта под Градот Скопје, а предвидена е и изградба на базен и на уште пет детски градинки со оглед на фактот што се зголемува бројот на семејства коишто се одлучуваат да живеат во рамки на општина Аеродром, рече Ристовски.
Информира и дека во рамки на Изборната единица 1, поточно во општината Студеничани е планирана изградба на уште едно училиште. Во населеното место Батинци, истакна, предвидена е изградба на нов училишен објект за учениците коишто во моментот одат во други училишта и неопходно е да бидат транспортирани и пренесувани во други населени места.
Ново на Сител
-
Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури
-
Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа
-
Ким: Русија има право на самоодбрана
-
Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица
-
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Јегуновце, ќе презентира неколку реализирани проекти
-
Состојба на патиштата
-
Облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд и снег
-
Зеленски: Подготвени сме за крај на војната во замена за членство во НАТО