-->
-->
Ристовски и Мишевски се враќаат во Вардар
-->

Тренерот на РК Вардар, Стевче Алушевски денеска на прес-конференцијата по мечот од ЛШ против Монпелје ги разреши дилемите за шпекулациите кои кружеа околу засилувањето на „црвено-црниот“ табор со Борко Ристовски и со Марко Мишевски.
Репрезентативен голман се враќа по долгата европска авантура, а младиот бек кој минатото лето замина во Гренобл, Франција пак се враќа во старото јато.
„Од понеделник во тимот на тренинг ќе ги имаме Борко Ристовски и Марко Мишевски. Мишевски е играч кој може да го имаме во ротацијата. Борко исто така ќе ни се приклучи на понеделничкиот тренинг. Тоа е тимот што ќе го имаме до крајот на сезоната и во Лигата на шампионите и во домашното првенство“ – истакна Алушовски.
Борко Ристовски последен пат во Вардар настапуваше во 2012 година. Тогаш направи трансфер во германски Гумерсбах, по што следуваа настапи за Кретеј, Рајн-Некар, Барселона и португалска Бенфика.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

35 години независна Македонија, пораки за обединување и нова визија
-

Дејвид Гета во Скопје
-

Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот состав
-

Македонскиот идентитет се негува, јазикот и културата се нашиот корен
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
