Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти

Министерот за спорт, Борко Ристовски денеска присуствуваше на свеченото отворање на првиот официјален младински фудбалски камп на AC Milan во Скопје што ќе се одржи од 10 до 14 јуни во Тренинг центарот на ФФМ во Скопје. На кампот ќе учествуваат околу 100 момчиња и девојчиња на возраст од 5 до 17 години, кои на тренинзите ќе имаат можност да учат фудбалски вештини од тројца официјални тренери од Академијата на италијанскиот фудбалски гигант.
-Овој спортски камп е убава и ретка можност нашите деца да се запознаат со филозофијата, дисциплината и вредностите на еден од најголемите и најтрофејни фудбалски клубови во светот. Можност да учат од врвни професионални тренери, да стекнат нови знаења и искуства и да ги направат своите први, но исклучително важни чекори кон остварување на своите спортски соништа – рече Ристовски.
Министерот за спорт нагласи дека ваквите програми им овозможуваат на младите да ги усвојат не само техничките и тактичките вештини, туку и вредностите што ги гради спортот – дисциплина, посветеност, тимски дух, почит и одговорност.
-Како поранешен спортист, многу добро знам што значи ваква можност и колку ова искуство може да биде поттик за овие деца да се посветат на спортот и на спортските вредности. Се надевам дека овој камп ќе прерасне во традиција, а ние сме тука како Министерство за спорт и како Влада да ги помагаме ваквите настани и да промовираме вистински вредности – истакна Ристовски.
Организаторите потенцираат дека кампот комбинира високо ниво на технички тренинг, тактичка едукација и личен развој, помагајќи им на младите играчи да го откријат својот потенцијал и да ги подобрат своите фудбалски способности, истовремено прифаќајќи ги основните вредности на AC Milan.
-Фудбалските кампови на Милан нудат уникатна можност за момчиња и девојчиња да ја искусат методологијата на еден од најуспешните клубови во светот. Тренинг сесиите се базираат на филозофијата на Академијата на Милан и се водени од официјални тренери, со фокус на подобрување на талентот на секој играч. Нашата мисија е да обезбедиме тренинг искуство на највисоко ниво, носејќи го истиот квалитет и професионализам што се нуди во Академијата на Милан – порачаа организаторите на кампот.
МИА
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV го поздрави договорот меѓу САД и Иран за прекин на војната на Блискиот Исток
-

Меси: Имав среќа да ги остварам сите мои соништа, па и повеќе од тоа
-

Европскиот парламент треба да гласа за извештајот на Томас Вајц за Македонија
-

Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа
-

Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента
-

Поднесена кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје
-

СП 2026: Меси ѝ донесе на Аргентина убедлива победа над Алжир
-

Муцунски во Даблин на средба со Мекенти, во фокусот претстојното претседавање на Ирска со Советот на ЕУ
