Македонија
26. November 2024 - 16:54

Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби

Во државата многу се зборува за корупција но резултатите изостануваат сметаат обвинителите и судиите. Правосудството не е единствениот орган каде може да се пријави корупција, вели обвинителката Ристоска.

Корупцијата треба да се адресира од едно друго ниво и токму за таа цел студентие и партиските подмладоци активно ги вклучуваат во борбата со корупцијата.

Борбата со корупцијата е еден од врвните приоритети и на Владата на САД, кои го поддржуваат проектот насловен како „мојот антикорупциски дневник. Борбата со корупцијата е задача на сите граѓани а не само на институциите порача државниот обвинител.

Проектот вклучува три еднодневни работилници и водење онлајн антикорупциски дневник со кој учесниците ќе ги забележуваат коруптивни активности што им се случуваат во секојдневието, без разлика дали лично ги доживеале или биле сведоци на такви дејства.