-->
-->
Ристески: Ќе се уредува речното корито на Градска река
-->

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марјан Ристески денеска вети комплетно партерно уредување на Градска река по целиот тек и доградба на кејските ѕидови на речното корито.
- Се планира нивелирање, озеленување и партерно уредување со различни содржини на корито на Градската река на потегот од малото мовче кај базентот до мост „Димо Наредникот“. Градската река ќе стане еден од најубавите простори за одмор и рекреација во градот. Речното корито ќе има: трим и велосипедски патеки, клупи, осветлување, помошни мовчиња, детски реквизити и пристапни рампи за инвалидизирани лица, рече Рисески на денешната прес-конференција.
Најави и изградба на крстосница со нов кружен тек над Градска река, а рече дека ќе се градат и нови пешачки мостови.
- Проектот за крстосницата со кружен тек чини 120 милиони денари, а парите се одобрени од Светска банка. Рокот за реализација на овој проект е 2018-2019 година. Ќе се градат пешачки мостови на Дабнички канал, на кејот, и кај Сточниот пазар. Кога станува збор за Градска река, се планира изградба и на кејски ѕидови по горниот и долниот тек. Со ова Прилеп во наредниот период ќе го добие едно од најубавите речни корита, зголемување на парковските површини, заштита на животната средина и збогатување на спортско – рекреативниот живот, рече Ристески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сашко Кедев одликуван со Орден „8 Септември“
-

Трамп: Украинците не изразија никаква благодарност за нашите напори
-

„Рома“ ги демантираат институциите
-

Неовластено влегол во Воениот полигон „Криволак“, приведен маж од неготинско
-

Сијарто: За да се избегне трета светска војна, ЕУ и Украина треба да се согласат со американскиот мировен план
-

Излегоа ждребовите за нашите репрезентативци кикбоксери
-

Ивановски: Нашата цел е да изградиме двоколесечна електрифицирана пруга до 200 км на час за патнички и 120 км на час за товарен сообраќај
-

Митева: Владата категорично ги отфрла тврдењата на опозицијата за наводна нетранспарентност околу ИПАРД
