Фудбал
14. January 2016 - 12:47

„Рисовите“ закажаа контролка со Бугарија

Македонска фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Бугарија на 29. март на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, соопшти во четвртокот  Фудбалската федерација на Македонија.
 
Натпреварот ќе биде седми пријателски меѓу двете селекции. Македонија има две победи, последната во 2013 година кога со головите на Ибраими и Трајковски славевме со 2:0.
 
На првиот пријателски дуел во Кочани во 1994. година беше 0:0, во Софија 1996. година Македонија загуби со 3:0, во Скопје во 1996. година беше 1:0 за Македонија, а во 2001. и 2006. година во Софија и Скопје, Бугарија победи со 1:0.
 
На 23. март селекцијата предводена од Игор Ангеловски ќе гостува во Копер на контролен дуел против Словенија.