„Рисовите“ ги стартуваа подготовките за Лихтенштајн
Македонската А репрезентација ги започна подготовките за последните два натпревари од Лига на нации против Лихтенштајн (16. ноември, Вадуц) и Гибралар (19. ноември, Национална арена „Филип Втори“.
Нашата најдобра селекција првиот дел од подготовките ги започна во швајцарското место Фусисберг каде што ќе одработи три тренинзи пред заминувањето во Вадуц в четврток.
Денеска попладне тимот на селекторот Игор Ангеловски ќе биде комплетен со доаѓањето на капитенот Горан Пандев.
-Не очекуваат два натпревари, последни за нас во групата од Лига на нации, но сега сме фокусирани на дуелот со Лихтенштајн. Очекуваме да го потврдиме првото место во групата, со наша добра игра и освојување на три бода од Вадуц. Мислам дека сме во добра форма и очекувам подобро издание на Македонија во однос на предходниот месец. Со две победи ние сме први во групата и во тоа треба да веруваме. Секако, овој дуел ќе биде сосема различен од меѓусебната пресметка во Скопје. Мора да ја преземеме иницијативата и поседот на топка, но исто така да бидеме внимателни, изјави Бобан Николов.
-Овој натпревар е ново докажување за нас. Треба да покажеме карактер и да победиме против Лихтенштајн. Лихтенштајн е важен и за враќање на позитивните резултати, имаме многу мотиви да се покажеме во најдобро светло и да го потврдиме првото место во групата. Се надевам дека ќе успееме во тоа, мал притисок постои, но сето тоа е добро за да бидеме сконцентрирани на подготовките, а посебно на мечот во Вадуц, изјави Стефан Спировски.
Елиф Елмаз поради болка во грбот и Дени Илиев поради болка во рамото тренираат со помал интензитет. Денешниот тренинг на македонската репрезентација е закажан во 12:00 часот.
Ново на Сител
-
ДИК ги објави првичните официјални резултати од Претседателските и Парламентарните избори
-
Зеленски го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација
-
Онлајн работа за младите со европски плати | Јанг стори со Мими | Sitel Podcast 034
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен