Кошарка
10. August 2016 - 11:24

Рио 2016: Шпанија без победа на кошаркарскиот турнир

Кошаркарите на европскиот шампион Шпанија го претрпеа и вториот пораз откако во рамки на 2.коло синоќа загубија од домаќинот Бразил со 66:65. На пет секунди до крајот кош за „кариоките“ постигна Маркус Маркињош, а во последниот напад за Шпанија промаши Серхио Љуљ.
 
На другите два дуела од групата Б: Аргентина – Хрватска 90:82 и Литванија – Нигерија 89:80. 
Табела: Аргентина 4 бодови, Литванија 4, Бразил 3, Хрватска 3, Шпанија 2, Нигерија 2.
 
Кошаркарите од А групата одиграа натпревари од 3.коло:
Австралија – Франција 89:71, Бразил – Белорусија 63:65 и Турција – Јапонија 76:62 .
Табела: Австралија 6 бодови, Јапонија 5, Франција 5, Турција 4, Белорусија 4, Бразил 3.
 
Денеска се играат натпреварите од 3.коло од групата А кај мажите и 3.коло од групата Б кај жените.