Спорт плус
21. August 2016 - 19:02

Рио 2016: Маратонот за Кипчоге од Кенија

 Кениецот Елиуд Кипчоге е победник на најдолгата трка на Олимписките игри. Тој денеска беше најбрз на олимпискиот маратон кој се трчаше низ улиците на Рио.
 
За Кипчоге ова беше прво олимписко злато, претходно има две медали од ОИ (во Пекинг беше втор, а во Атина трет).
 
Времето на победникот изнесува 2 часа 8 минути и 44 секунди.
 
Второто место и сребрениот медал е за Фејиса Лилеси од Етиопија со време 2:09:54, додека Гејлен Рап од САД го освои третото место и бронзениот медал со истрчано време 2:10:05 часа.
 
На маратонот во Рио стартуваа рекордни 155 тркачи, од нив 15 не ја завршија трката.