-->
-->
Рио 2016: Фото финиш за медали на маратонско пливање
-->
На „Форт Копаканаба“ денеска се пливаше машката маратонска трка на 10 километри. Фото – финишот решаваше за медалите, а златото му припадна на Фери Вертман од Холандија, додека сребрен беше Спирос Јаниотис од Грција. Двајцата имаа време – 1:52.59.8 час. И за бронзата реши фото- финишот. Марк Антоан Оливие од Франција беше „побрз“ според техниката од Лијун Зу од Кина. Имаа резултат: 1:53.02.0 час.
Во едрење во дисциплината „ласер“ кај мажите победи Том Бартон од Австралија, пред Хрватот Тончи Стипановиќ и Сем Мих (Нов Зеланд). Во женска конкуренција победи Марит Бувмистер од Холандија, пред Ана Лиза Марфи од Република Ирска и Ан-Мари Риндом од Австралија.
Во кајак кану на мирни води беа одржани четири финални дисциплини, а златните медали ги освоија: Маркус Валц од Шпанија (спринт 1.000 метри); Лиса Карингтон од Нов Зеланд (200 метри); Габриела Сабо и Данута Козак од Унгарија (дубл 500 метри) и Себастијан Брендел од Германија (1.000 метри).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Предлогот за именување на Трајко Славевски за гувернер пред пратениците
-
Предлог за Ратификација на Договорот со Обединетото Кралство на пленарна седница
-
Ѓурчевски: Сложено е да се „исчисти“ целото скопско подземје
-
Прес-конфецернција на премиерот Христијан Мицкоски
-
Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака
-
СДСМ бара од ДКСК итна постапка за тендерот во МВР
-
Преглед на вестите од светот