-->
-->
Рио 2016: Данска и се реваншираше на Франција
-->
Данската ракометна репрезентација е победник на олимпискиот турнир во Рио, откако вечерва во финалето ја совлада Франција со 28:26. Со овој триумф Данска успеа да и се реваншиа на Франција за поразот во финалето на ЕП во 2014 година кога беа домаќини.
Данците одиграа подобро во финишот на првото полувреме кое го завршија со предност од два гола (16:14), иако во 21.минута губеа со 12:10. Оваа предност на крајот се покажа како пресудна за конечниот победник, бидејќи во вторите 30 минути се играше рамноправно 12:12.
Данците во неколку наврати водеа со три гола разлика, еднаш имаа и највисоки плус пет (25:20), доволно за рутиниран финиш.
Најдобар играч на мечот беше Микел Хансен со осум голови.
Во мечот за третото место Германија ја победи Полска со 31:25.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема правда ниту за Ласкарци, ниту за модуларната болница – Можно ли е реотворање на судските процеси?
-
Црвен крст: Собрани повеќе од 30 милиони денари за семејствата на настраданите и повредените
-
Пукање во скопско Моране
-
Повредените во стабилна состојба
-
Кочани тагува
-
Струмичани се збогуваа со Ѓоко Георгиев
-
Преглед на вестите од светот
-
Кочани тагува